76
Ван Дајк беше
херој за Холандија во ремито од 2-2 против Германија, откако дефанзивецот
погоди во 91. минута за реми од таа пресметка, а со тој бод Холандија стана
последниот учесник на завршниот турнир на Лигата на нации.
Главниот арбитар
на пресметката која се одигра во Гелзенкирхен, Романецот Овидиу Хацеган не
можеше да ги задржи емоциите во себе, па по последниот судиски свиреж се
расплака, тој пред само неколку денови ја загуби својата мајка, а во тие
моменти го тешеше токму Ван Дајк.
„Човекот беше
скршен од болка, облеан со солзи во неговите очи бидејќи само што ја загубил
својата мајка, јас му посакав да биде силен“ рече Ван Дајк.
data-lang="en">