480
Откако ги
пропушти последните две големи натпреварувања, малку радост за Холандија.
Германија иако беше веќе испадната во ранг подолу, вечерва играше за својата
чест и со головите на Вернер и Сане на пауза замина со 2-0.
Но „Панцерите“ имаат
година за заборав, потфрлија во финишот од мечот и дозволија противникот да постигне
два гола во последните пет минути.
Најпрво Промес
реализираше во 85. минута и ја врати надежте кај „Лалињата“ за Ван Дајк да
погоди во 91. минута за 2-2, првото место во Групата 1 и настап на Ф4.
Со овој бод,
Холандија стана последниот учесник на завршниот турнир, и им се придружи на
домаќинот Португалија, Англија и Швајцарија.