На Сенегал
сигурно ќе му недостасува напаѓачот од Интер, 23 годишниот Кеита Балде Диао,
поточно за пресметката со Гвинеја во квалификациите за африканскиот куп на
нации, од куќата на фудбалот на Сенегал испратиле информација до Интер за
повикот на Балде, но, причината поради која тој нема да се најде на
репрезентативниот собир е бизарна и ретко видена досега.
Од куќата на
фудбалот на Сенегал информацијата за повикот на Балде го испратиле на старата
имејл адреса која повеќе италијанскиот калчолигаш не ја користи, тоа значи дека
тимот од Милано не добил известување и тие одбиваат да попуштат во оваа ситуација,
а Абдулае Соу, потпретседателот на фудбалската асоцијација на Сенегал се одзва
јавно по тоа прашање.
„Ние испративме
имејл до Интер за да ги информираме за повикот на нашиот фудбалер, но, истиот
беше испратен до старата имејл адреса која тој клуб повеќе не ја користи. Тие
го промениле имејлот. Во моментов, фудбалерот не може да го напушти клубот и да
ни се приклучи, неговиот клуб е безкомпромисен“ изјави Соу.
Балде е
стандарден во тимот на Лучијано Спалети, добива голема доверба од италијанскиот
фудбалски стратег, но, барем засега, по 11 одиграни натпревари во новата
сезона, се уште нема постигнато погодок.