Дефанзивецот на
Барселона, Џерард Пике инсистира на тоа дека тој и неговите соиграчи ќе му
помогнат на Осман Дембеле да се адаптира на животот во фудбалот 24/7.
Францускиот
офанзивец беше изоставен за мечот против Бетис каде Каталонците на свој терен
викендов загубија со 3-4 во Примера, а причината за таа одлука на Ернесто
Валверде, според неофицијалните информации била недисциплина на фудбалерот
„Јас и сите
соиграчи од тимот ќе се обидеме да му помогнеме, затоа сме тука, постојат многу
причини кога одредени играчи се, односно не се повикани и селектирани во
составот, јас сум сигурен дека одлуката да се изостави Дембеле за натпреварот
беше од стратегиска смисла, ние ќе му помогнеме“ посочи фудбалерот на
Каталонците.
„Тој е многу
млад, кога сте на таа возраст лесно е да направите грешка, секој фудбалер бил
на тоа ниво во нивните кариери претходно, фудбалот подразбира натпревари 24/7,
живеете за тоа, дишете за тоа, така да, многу е важно тоа да го разберете во
случај да го увидите својот потенцијал и се надевам дека оваа одлука ќе му
помогне“ заклучи Пике.