„Верувајте ми, уморен сум, но и среќен што играм тука“

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
Челси, Еден Азар признава дека чувствува замор по настапот на Светското
првенство во Русија изминатото лето, но, додава дека се чувствува среќен
играјќи за Премиерлигашот од Лондон.

Верувајте ми,
уморен сум! Но, мислам дека кондициски сум во добра состојба за да играм,
минатата година имав повреда која ме оддалечи три месеци од терените, можеби и
затоа сега сум свеж, кога сте среќен на терените можете да направите обид за
некои идеи, уживам во мојата игра
“ вели тој.

Изминативе седум
години во Челси беа задоволство, среќен сум што играм тука, кога сум на теренот
се обидувам да внесам среќа, прво за мене, а второ и за навивачите кои го
гледаат натпреварот, во моментов сме во одлична форма, можеби и затоа имам
добри перформанси, среќен сум во моментов
“ заклучи Белгиецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани