Конте му одговори на Рамос и проговори за можноста да го превзеде кормилото на Реал

by
2 минути читање

Италијанецот се
најавуваше како наследник на Хулен Лопетеги, кој по поразот од Барселона на „Ел
Класико“ доби отказ и едвај издржа четири месеци на кормилото на Реал Мадрид.

Антонио Конте сепак не заврши на „Сантијаго Бернабеу“ и шампионот на Европа го
промовираше Сантијаго Солари како нов предводник на првиот тим. Аргентинецот
донесе четири победи на исто толку меча па се поизвесно е дека ќе остане до
крајот на сезоната.

Денеска во
Италија се доделуваше наградата за најдобар тренер, која одново му припадна на
Макс Алегри, а на церемонијата присуствуваше и Антонио Конте, кој конечно ги
прокоментира гласините кои кружеа изминативе недели.

„За тип на тренер каков што сум јас, најдобро е да се почека до јуни за нова работа“ – вели Антонио Конте. „Во
моментов се гледам како одмарам дома, ги полнам батериите, следам фудбал и што прават дел од моите колеги“.

„Но за 2-3
месеци би можело да ми се појави желба да му се вратам на фудбалот и да негирам
се што кажав сега…“.

Тој потоа одговори
и на прозивката на Серхио Рамос. Капитенот на Реал, за кого се говори дека
ставил вето на ангажман на Антонио Конте, испрати предупредување до
Италијанецот и му порача дека почитта се заслужува, не се наметнува.

„Кога тренер
пристигнува во нов тим, мора да донесе едукација и почит. Истото треба да го
добие и од играчите. Доколку ова не се случи, настануваат проблеми“.

„Ние
италијанските трнери имаме голема работна култура и кога ќе пристигнеме во нов
тим, не можеме се да промениме веднаш, мораме да одиме чекор по чекор. Секој
тренер треба да биде добар кројач и да ги адаптира своите сфаќања на човечкиот
материјал кој го има на располагање“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани