Јуве го победи Милан на Сан Сиро, промашен пенал и црвен картон за Игуаин (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус беше подобар во големото дерби против Милан кое се играше на Сан Сиро и со голови на Манџукиќ и Роналдо ги однесе трите бода.

Резултатот беше отворен уште во осмата минута кога по асистенција на Алекс Сандро, Манџукиќ со глава реализираше за водство на Јуве од 1-0.

На пет минути пред крајот на првото полувреме беше досуден пенал за Милан откако гостите играа со рака во својот шеснаесетник. Но, Гонзало Игуаин ја погоди само стативата.

Во 81. минута Роналдо начека една одбиена топка и постигна гол заверувајќи ја победата од 2-0 за Јувентус.

Само две минути подоцна Игуаин доби два жолти картони. Првиот за фаул, а вториот поради тоа што се расправаше со судијата за досудениот фаул. Милан со играч помалку мораше да ги одигра последните десетина минути од мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани