Интер беше во
победничка серија од седум меча во Серија А, но избраниците на Спалети
попладнево капитулираа на незгодното гостување кај Аталанта.
Домаќините
целосно го надиграа противникот во првиот дел, креираа неколку добри шанси, но
на пауза се замина само со 1-0 благодарејќи на голот на Хатебур во 9. минута.
Интер казни за
промашувањата на почетокот од вториот дел, Икарди погоди од пенал во 47.
минута.
Аталанта се врати
во предност во 62. минута. По нафрлена топка од прекин, навивачот на Интер,
Манчини скокна највиско и погоди за 2-1.
Сличен беше и
следниот гол на домаќините, по нафрлање од прекин, Џимсити со глава ја затресе
мрежата на Интер за 3-1. Во втората минута од судиското надополнување Брозовиќ
заработи втор жолт картон и исклучувања, а со играч повеќе Аталанта стигна до
уште еден погодок, Гомез во 94. минута погоди за конечни 4-1.