164
Погба имаше топло добредојде од навивачите на Јувентус кога Манчестер јунајтед гостуваше во Торино во Лигата на шампионите.
По последниот свиреж на судијата додека очите беа вперени во Мурињо, Погба се поздравуваше со навивачите на Јувентус.
Според „Тутоспорт“, Погба поздравувајќи се со фановите на Јуве им рекол: „Да, сакам да се вратам“.
Оваа изјава на Погба не им се допадна на навивачите на Манчестер јунајтед кои очекуваат поголема лојалност од нивниот фудбалер.