Мурињо и Погба ги „закопале секирите“?

by
1 минути читање

Новинарите на „Скај спортс“ од денешниот тренинг на Манчестер јунајтед го истакнуваат односот меѓу Погба и Мурињо кој има позитивни промени. Тие тврдат дека недоразбирањата меѓу двајцата се минато.

На тренингот не бил присутен Лукаку, што значи дека тој по натпреварот против Борнмут, ќе го пропушти и дуелот со Јувентус.

Дел од тренингот биле Валенсија и Фелаини кои беа надвор од стројот поради повреди.

Пред Манчестер јунајтед се две исклучително тешки гостувања, најпрво во среда против Јувентус во Лигата на шампионите, а потоа во недела во Премиерлигата кај градскиот ривал Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани