Роналдињо е шворц? Во банка има само 6 евра!

by
1 минути читање

Како што пишува УОЛ Еспорте, Роналдињо и неговиот брат Асис треба да платата казна од 8,5 милиони реали или околу 2 милиони евра за нелегална градба во Порто Алегре.

Казната е изречена уште во 2015, но популарниот Дињо нема абер да ја плати, па бразилските власти се обиделе присилно да го наплатат побарувањето. Но тие останале изненадени кога дознале дека поранешниот фудбалер на Барселона има само 24,63 реали на сметка, или околу 6 евра.

Од ова се добива впечаток дека играчот кој сигурно има заработено стотици милиони евра во својата кариера е шворц, но многу поверојатно е тој да ги крие парите од властите на сметки во странство.

Судејќи според објавите на социјалните мрежи, Роналдињо нема финансиски проблеми. Тој неодамна патуваше за Кина и Јапонија на обврска со спонзорите како и во Европа и Африка. Исто така Најк на почетокот од годината лансираше нова колекција патики во негова чест наречени „Р10“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани