Дани Карвахал
верува дека Хулен Лопетеги е најдобриот тренер со кого работел во неговата
кариера и застана јавно во одбрана на довчерашниот шеф на стручниот штаб на
Кралевите.
Десниот бек
работеше под кормилото на Лопетеги во младиот состав на Шпанија, а воедно и две
години во сениорскиот состав на таа селекција, пред да станат и соработници во
Мадрид.
„Лопетеги е
најдобриот тренер кој сум го имал“ рече Карвахал во изјава за шпанската
телевизија TVE.
„За жал, тој ја
немаше потребната среќа со нас, неговата фудбалска филозифија, неговиот начин
на менаџирање на составот, неговото однесување со фудбалерите беше одлично во
секоја смисла на зборот, ги пренесувам овие работи јавно“ заклучи дефанзивецот
на европскиот првак.
Во моментов како
привремено решение за клупата на шпанскиот гигант е Сантијаго Солари, неколку
големи тренерски имиња се споменуваат низ тамошните медиуми како опции за идни
тренери на Реал Мадрид, но, барем засега се’ се сведува на шпекулации.