Челси запиша три нови бода откако на Стемфорд Бриџ го совлада Кристал Палас со 3-1, во главна улога беше Алваро Мората.
Резултатот беше отворен во 32. минута кога по асистенција од Педро, Мората добри ја смири топката и ја смести во голот на Кристал Палас за водство на Челси од 1-0.
Но, по само осум минути игра во второто полувреме Кристал Палас преку Таузенд го изедначи резултатот на 1-1.
Сепак не траеше многу радоста на гостите бидејќи десетина минути подоцна Мората со својот втор гол ја врати предноста на Челси.
Конечните 3-1 ги постави Педро во 70. минута од натпреварот.
Мората во судиското продолжение можеше да постигне хет-трик, излезе очи во очи со голманот на Кристал Палас, се обиде да го лобува и погреши.
Со овие три бода Челси е на втората позиција со два бода помалку од Манчестер Сити.