193
Навивачите на Интер не го забораваат доприносот на Горан Пандев во историската тројна круна, па Македонецот синоќа со овации беше поздравен од гледалиштето.
Пандев преку својот инстаграм профил им се заблагодари на навивачите за топлиот пречек и аплаузите кои ги доби.
„Разочаран сум поради поразот, но сакам да им се заблагодарам на сите навивачи за Интер за љубовта и топлото добредојде. И по толку години тие повторно допреа до моето срце“, напиша Пандев на својот инстаграм профил и стави видео од замената кога доби стоечки овации.