Заминувањето на
ЦР7 очигледно остави голема дупка во форот на Реал Мадрид, и до овој момент,
Бејл, Бензема, Асенсио и Мариано тешко го надополнуваат отсуството на
Кристијано Роналдо.
„Кралевите“
испишаа негативен рекорд и за прв пат во историјата имаа црна серија од 481
минута без да ја затресат противничката мрежа. На 12 меча, избраниците на Хулен
Лопетег имаат постигнато скромни 18 погодоци па затоа се размислува за ангажман
на нов голгетер во јануари.
Претходно се
споменуваа неколку фудбалери, но според Копе, на листата со желби има и едно помалку
изненадувачко име, новианрот Маноло Лама пренесе дека шампионот на Европа
размислува да го донесе Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот е
фантастичен во МЛС, редовно ги тресе противничките мрежи и овој месец веќе беше
поврзан со враќање во Европа откако Милан пројави интерес.
Останува да се
види колку има вистина во ваквите шпекулации, со оглед на тоа дека Копе освен
тоа што спомена дека има интерес од страна на Реал, не понуди никакви други
детали.