109
Лео Меси
дефинитивно го пропушта „Ел Класико“. Медиумите од Шпанија шпекулираа дека тој
го повредил лигаментот на лактот и дека е под голем знак прашалник за мечот со
Реал Мадрид следната недела, но Барселона соопшти полоши вести.
„Каталонците“
открија дека деталните тестови покажале фрактура на десната рака па
Аргентинецот ќе мора да паузира околу три недели.
„Тестовите извршени
врз Лео Меси покажаа дека играчот има фрактура на подлактицата на десната рака.
Ќе биде надвор од стројот околу три недели“ – гласеше известувањето на
шампионот на Шпанија.