Ливерпул денеска гостува кај Хадерсфилд во рамките на деветтото коло од англиската Премиерлига, а за да го одржи темпото со останатите две екипи со кои има идентичен број бодови (20) на врвот, Манчестер Сити и Челси, потребна е победа.
Бројот „10“ во редовите на тимот на Јирген Клоп, Садио Мане се соочи со операција на прст од својата рака откако се здоби со повреда настапувајќи за својата селекција за време на интернационалната пауза, неговиот настап денеска е под знак прашалник.
„Не знам што ќе се случи, ќе видиме, во овие моменти навистина немам заклучок за тоа што да направиме, ќе видиме што тој посакува, се’ е на фудбалерот сега, доколку тој сака да игра, тогаш ќе морам сериозно да увидам како се чувствува“ рече Клоп на вчерашната пресконференција.
Се чини дека проблемото со повредите веќе го надминаа Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах, а вон стројот ќе биде Наби Кеита. Пред својот прв настап во дресот на Ливерпул почнувајќи од првата минута на еден натпревар се наоѓа Фабињо, а останува дилемата за тоа дали Клоп ќе се реши да стартува со Шаќири во офанзивната линија, или ќе игра во друга формација.