Нејмар со реакција на социјалните мрежи по шпекулациите за трансфер во Реал или Барса (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Нејмар едноставно
не може да се ослободи од шпекулациите поврзани за него, уште при самиот потпис
на договорот со ПСЖ не требаше да помине подолг период за медиумите да пишуваат
на темата „враќање во Барселона“, или пак „трансфер во Реал Мадрид“, теми кои
беа доста интересни за фудбалската јавност.

Иако опцијата за
продажба на Нејмар беше категорично одбивана од страна на ПСЖ, дури и самиот
фудбалер јавно порачуваше дека нема ништо од шпекулациите кои го поврзуваат со
враќање во Барселона, или трансфер во Реал Мадрид, тој повторно се наоѓа во
центарот на вниманието по тие теми.

Во текот на
вчерашниот ден одредени медиуми објавија дека ПСЖ веќе има потенцијална замена
за Бразилецот, во случај тој да го напушти клубот, и тоа во Антоан Гризман од
Атлетико Мадрид, а истовремено се пишуваше дека Нејмар има откупна клаузула во
својот договор со францускиот првак во висина од 215 милиони евра која ќе се
активира почнувајќи од 2020. година.

За можноста да се
врати во Барселона, како и да потпише за најлутиот ривал на Каталонците, Реал
Мадрид, Нејмар се одзва на социјалните мрежи објавувајќи видео на кое истите
шпекулации ги нарече „Лажни вести“, еве ја неговата реакција…

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/swXFuNEhyj

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани