Подолг период
медиумите се занимаваат со Нејмар, односно опцијата тој да се врати во
Барселона по една година мината во дресот на ПСЖ.
Иако таа опција
честопати беше категорично одбивана од францускиот клуб како можна да се случи,
шефот на стручниот штаб на Парижаните, Томас Тухел веќе поддржал план за да се
дојде до потписот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.
Гризман се
споменува како потенцијална замена за Нејмар, доколку Бразилецот го напушти
ПСЖ, а францускиот клуб би можел да обезбеди 150 милиони евра за Французинот,
онолку, колку што изнесува неговата откупна клаузула во договорот со Атлетико
Мадрид.
Според одредени
информации, во самиот договор на Нејмар со ПСЖ има откупна клаузула за
Бразилецот во висина од 215 милиони евра, но таа ќе се активира од 2020.
година, па доколку Барселона или некоја друга екипа (се споменува и Реал Мадрид),
е заинтересирана за неговите услуги, па во тој случај, се’ до тој момент последниот збор сепак го има
ПСЖ.