Барселона активно
е во потрага по достоен наследник на Луис Суарез во нападот на таа екипа, а
според неофицијалните информации кои ги пренесе El Chiringuito de Jugones, се вели дека Роберто
Фирмино е идеалното решение.
Суарез повеќе не
е во посакуваната форма, во последните две сезони не игра на високо ниво,
додека, во новата сезона постигна само 3 гола во 11 настапи во сите
конкуренции.
Уругваецот во
јануари идната година ќе наполни 32 години, а шпекулациите велат дека Фирмино е
број еден како опција за негов наследник на Камп Ноу.
Постои
загриженост околу физичката подготвеност на Суарез откако тој влезе во своите
финални години од кариерата, а агресивниот пресинг и нивото на работа на
Фирмино се чини се голема предност на Бразилецот кој би бил идеален соиграч за
Меси, а наводно веќе препорака во Барселона има и лично од неговиот поранешен
соиграч од Ливерпул, Кутињо.