Усеин Болт сака да се испроба како фудбалер и во моментв е на проба во редовите на Централ Коуст Маринерс. Тој неодамна даде два гола на пријателскиот меч со Макартур Саут Вест Сиднеј, но се уште нема добиено конретна понуда за договор од клубот од Австралија.
Неговиот агент оваа недела истакна дека на нивна адреса има пристигнато неколку предлози и еден од нив беше од Валета, клубот од Малта кој неодамна доби нови сопственици од Обединетите Арапски Емирати.
Сепак Усеин Болт не е заинтересиран за ваква авантура. Неговиот агент, Рики Симс за Омниспорт вели: „Има голем интерес за Усеин. Редовно ни пристапуваат клубови ширум светот“.
„Различно е само тоа што последната понуда дојде преку медиумите. Можам да потврдам дека Болт не сака да си ја проба среќата во Малта“.