69
Пред два дена италијанските медиуми најавија дека Јувентус сака да потпише нов договор со Манџукиќ и да му ја зголеми платата, но засега од тоа нема ништо.
„Газета дело спорт“ пишува дека Супер Марио во овој момент не сака да разговара со клубот за продолжување на договорот.
Иако одлично му оди во Јувентус, Манџукиќ се уште не може да одлучи дали сака да остане во италијанскиот шампион или да побара нов предизвик, па преговорите ги одложил за по крајот на сезоната.
Манџукиќ во Јувентус е од 2015 година, а моменталниот договор му важи до 2020 година. Оваа сезона на девет натпревари постигна четири гола и два пати асистираше.