Берлускони се откажа од Милан ама не и од навиката да им се меша на тренерите: Гатузо треба…

by
1 минути читање

Додека беше газда
на Милан, Силвио Берлускони често знаеше да им се меша на тренерите, да им каже
со каква формација треба да играат и кои играчи да бидат во старниот состав.

Тој лани се
откажа од „Росонеерите“ и ги продаде на сомнителен бизнисмен од Кина, кој
повеќе не е сопственик откако не успеа на време да ги врати кредитите, па Милан
беше конфискуван од страна на фондот Елиот.

Сега се чини дека клубот од Сан Сиро е на прав пат, а Силвио Берлускони започна нов проект и го купи
фудбалскиот клуб Монца. Но очигледно тој тешко се одвикнува од старните навики па
реши да му се замеша во работата на Џенаро Гатузо.

„Дербито помеѓу
Интер и Милан ќе го гледам на телевизија но со разочарување поради стилот на
„Росонерите“. Милан секогаш треба да игра со двајца напаѓачи, не разбирам зошто
Гатузо форсира тактика со само еден напаѓач“
– вели поранешниот премиер на
Италија.

„Гонзало е голем
голгетер, Милан донесе одлично засилување, долги години на клубот му фалеше
ваков стрелец, но не можам да разберам зошто нема поддршка од втор напаѓач“.

„Не ми се допаѓа
идеата за фудбал на Гатузо, не разбирам зошто применува ваков стил. Јас би
ставил уште еден напаѓач покрај Игуаин и би го играл Сусо зад нив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани