Не е се во парите, Сити открива дека на Меси му понудиле тројно поголема плата од таа во Барса, но ги одбил!

by
1 минути читање

Парите за Манчестер Сити не се проблем откако Шеикот Мансур го превзеде клубот пред десет години. Сепак петродоларите не биле од голема помош кога „Граѓаните“ се обиделе да го ангажираат Лео Меси.

Претседателот на клубот, Калдон Ал Мубарак открива дека откако Пеп Гвардиола седнал на тренерското столче, стапиле вo контакт со Аргентинецот и му понудиле тројно поголема плата од онаа која ја заработувал во Барселона. Но и покрај тоа напаѓачот одбил да се пресели на Етихад.

Запрашан кој играч бил недостижен, тој вели: „Меси. Го замоливме Гвардиола да разговара со него, му понудивме три пати поголема плата од онаа која ја заработуваше во Барселона, но не прифати“.

Минатото лето Лео Меси и Барселона преговараа за нов договор, двете страни имаа одредени несогласувања и тогаш се споменуваше дека Манчестер Сити сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе Аргентинецот во своите редови.

Марка имаше сторија која велеше дека „Граѓаните“ на Лео Меси му понудиле бонус за потпис на договорот од 100 милиони евра, плус годишна нето плата од 50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани