Хрватска и Англија одиграа без публика и без голови, Лукаку донесе победа за Белгија (ВИДЕО)

by
2 минути читање

„Коцкестите“ и
„Трите Лава“ одиграа возбудлив меч на мундијалот во Русија, но вечерва во
Ријека мрежите мируваа. Пред празни трибини, двете репрезентации прикажаа
премалку па на крајот натпреварот заврши со најнеполуларниот резултат.

На вториот дуел
од Лигата А кој се одигра денеска, Белгија со 2-1 ја солвлада Швајцарија. Херој
на домаќините беше Ромелу Лукаку кој постигна два гола.

Напаѓачот на
Манчестер јунајтед најпрво донесе водство во 58. минута, а откако Гаврановиќ
изедначи на 1-1, Лукаку се погрижи трите бода да останат во Брисел со втор гол
во 84. минута.

Стрелците во
Лигата на Нации вечерва не беа премногу расположени, па дури на четири
натпревари имаше резултат 1-0. Австрија со голот на Арнаутовиќ ја победи
Северна Ирска во Лигата Б, додека пак во Лигата Ц, Грција со 1-0 славеше над
Унгарија
, а со ист резултат Финска триумфираше на гостувањето кај Естонија.

Во Групата Д,
Белорусија со 1-0 беше подобра од Луксембург, додека пак Молдавија забележа
триумф од 2-0 над Сан Марино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани