Со оваа изјава Ремси потврди дека си заминува од Арсенал?

by
1 минути читање

Арон Ремси
потврди дека си заминува од Арсенал, барем така изгледа од неговата изјава
дадена за Телеграф, во која причината за таквиот исход, кој извесно е дека ќе
се случи, го префрла на страната на клубот.

Се надевавме
дека ќе дојдеме до позиција каде би можеле да постигнеме договор, но, тоа веќе
н е случај, така јас морам да се грижам само за играњето фудбал во моментов, да
го дадам максимумот од себе за Арсенал оваа сезона и сето останато ќе го
оставам на клубот во моментов
“ издвои Ремси.

Тоа е одлука
која тие ја донесоа, се случуваат вакви работи во фудбалот и вие едноставно
морате да се справите со истите, мое е да играм најдобро што можам, на тоа ќе
се сконцентрирам, ќе го испочитувам до крај договорот со клубот
“ заклучи
Велшанецот.

Актуелниот
важечки договор на Ремси со Премиерлигашот истекува идното лето, за неговите
услуги интерес најголем интерес има од Серија А, каде во трката за неговиот
потпис се Јувентус, Милан и Лацио.

Што се однесува пак до премиерлигашите,
интерес пријавуваат Челси и Ливерпул, но клубовите вон Островот се во предност
најмногу поради фактот што можат да преговараат со него уште во јануарскиот
преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×