Сергеј Милинковиќ Савиќ испрати порака до Жозе Мурињо

by
1 минути читање

„Специјалниот“
синоќа беше во ложата на Градскиот стадион во Подгорица и го проследи првиот меч
помеѓу Црна Гора и Србија. Се шпекулира дека Жозе Мурињо добро внимавал на
двајца репрезентативци на „Орлите“, односно Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио и Никол
Миленковиќ од Фиорентина.

Фудбалерот од
средниот ред, кој на теренот помина нешто над десетина минути откако влезе во
игра доцна во второто полувреме, вели дека е задоволен што тренер од калибарот
на Португалецот дошол да ги следи неговите перформанси.

„Јас сум играч на
Лацио, но очигледно е дека сум задоволен што тренер од негов калибар дојде да
ме гледа“
– вели популарниот СМС.

„Сите пишуваа
дека дошол во Подгорица за да ме гледа како играм, но тоа не значи ништо. Исто
така, можеби не дошол поради мене, туку поради некој друг“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани