Голема афера за местење
на фудбалски натпревари ја крена на нозе Европа, центарот на случувањата од
истрагата засега е во Белгија, каде е приведен хрватскиот тренер на Бриж, Иван
Леко, како и српскиот фудбалски менаџер Дејан Вељковиќ. Истрагата не се врши
само во Белгија, туку и во повеќе земји меѓу кои и Македонија, се шпекулираше
дека во текот на вчерашниот ден се извршиле повеќе претреси на куќи во нашата
земја на личности за кои се претпоставува дека биле дел од аферата.
Приведени се
околу десетина лица, меѓу кои и Леко и Вељковиќ, а „кралот на местенките“, како
што многумина го нарекуваат Велибор Џаровски – Џаро, во изјава за хрватски „24часа“
се одзва со свој коментар на темата која го опфати и Балканот.
„Во Белгија се
местат најмногу натпревари во Европа, затоа што таму има најмногу фудбалери од
поранешна Југославија. Тоа го зборував уште пред десет години. Никаде не се
мести до тој степен како во Белгија. Кога Стандард загуби од Зулте Варегем, „рикна“
цела обложувачка Европа“ вели
популарниот Џаро.
На прашањето на
хрватскиот медиум ‘Во
полиција се Хрват и Србин, дали тоа го изненадува’, тој вели дека тоа не е изненадувачки податок од
досегашната истрага.
„Какво
изненадување, каде што се Србите и Хрватите таму има најмногу местенки. И јас
работев и местев натпревари со Хрвати, видете, белгијската полиција ја
прислушува цела Европа, имаат такви софистицирани методи против местенките, со
тоа што ако веќе ги издвоија Леко и Вељковиќ, сигурен сум дека тие обајцата
имаат некакви информации со местенките“ додава Џаровски.