Договор со Милан за Пакета се уште не е постигнат, но од Фламенго најавуваат таков исход

by
1 минути читање

Спортскиот
директор на Фламенго, Карлос Новал потврди дека постојат преговори со Милан за
Лукас Пакета, тој тврди дека се уште не е финализиран договорот, но, додава
дека тоа може да се заврши за околу две, а можеби и повеќе седмици.

Се уште немаме
постигнато договор со Милан и преферираме да зборуваме само за работи кои ги
имаме договорено
“ вели Новал.

Ние разговараме,
преговорите се во тек, но, тие се уште не се финализирани, мислам дека се

ќе биде финализирано во две седмици,
можеби неколку седмици
“ додаде тој.

Висината на
трансферот за која се шпекулира дека би изнесувала 35 милиони евра би го
направила трансферот на Пакета како најскап трансфер од Бразил во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани