Ѕвездата на Вест Хем во стилот на Шумуликоски по критиките кои ги доби го повика новинарот на ферка

by
1 минути читање

28 годишниот
офанзивен фудбалер изминатово лето пристигна во редовите на „Чеканите“, одигра
неколку добри партии и го предводеше Вест Хем до победи над Евертон и Манчестер
јунајтед.

Но и покрај тоа
тој се најде на удар на медиумите од Украина, поточно на новинарот Владимир
Кобелков, кој упати серија критики за перформансите на Андриј Јармоленко.

На фудбалерот
очигледно му дојде преку глава па го повика новинарот на ферка.

„Кога бев млад,
многу се тепав. Некогаш победува, друг пат јадев ќотек. Тоа е нормално за момче,
па и за маж“
– вели Јармоленко.

„Сакам да ја
соопштам мојата следна борба. Повеќе не можам да го слушам Кобелков. Сакам да го
предизвикам на борба и да се одмаздам за сите оние работи кои ги кажа пред
камерите“.

„Го чекам
неговиот одговор“.

Потегот на
Јармоленко е налик на оној на нашиот Величе Шумуликоски, кој пред десетина
години бурно реагираше на критиките од новинарот Тони Стојановски по мечот на
Македонија против Русија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани