Астон Вила не тагува по Анри, најде атрактивен двоец за водење на тимот

by
0 минути читање

Астон Вила сака поранешниот асистент на Мурињо, Руи Фариа да биде нивниот нов тренер, а во стручниот штаб да е и Џон Тери.

Руи Фариа 17 години беше заедно со Мурњо, во мај одлучи да го напушти „специјалниот“ со цел да помине повеќе време со фамилијата.

Според весникот „Сан“, сега токму тој е главен фаворит за тренерското столче во Астон Вила, откако Тиери Анри излезе од трката по повикот од Монако.

Фариа и Тери добро се познаваат од периодот во Челси, па Астон Вила сака токму ова дуо да го предводи клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани