Манчини: Џовинко, Балотели, Белоти…

by
2 минути читање

Роберто Манчини
седна на клупата на Италија а таму ќе треба да го гаси пожарот кој го запали
Вентура претходно, откако таа репрезентација не успеа да се избори за место на
Светското првенство во Русија изминатово лето.

По два меча во
новоформираната Лига на Нации, Аѕурите имаат пораз на гостувањето кај
Португалија, односно реми на домашен терен против Полска, во среда следи
контролка со Украина, за веднаш потоа, во недела да следи и пресметката со
Полска на гостински терен во рамките на третото коло од Лигата на нации.

Манчини во
пресрет на тоа што Италија ја очекува, одговараше на новинарски прашања, тој
истакна дека го следел Себастијан Џовинко одреден период, тој се враќа во
составот на Аѕурите по пауза од три години, а селекторот на Италија додаде дека
Марио Балотели и Андреа Белоти, иако не се повикани, повторно ќе се вратат.

Џовинко е
константно добар веќе неколку години, тој има 31 година а ние го следиме
одреден период, сакавме да го видиме во националниот тим, тој немаше шанси да
биде во овој тим претходно. Балотели и Белоти? Тоа е техничка одлука, не се во
посакуваната форма, и тие се дел од оваа група, кога ќе се вратат со 100% од
себе, нема да има никакви проблеми, во овие две години секој ќе добие шанса

рече Манчини.

Зошто Заза а не
Белоти? Тоа не е прашање за повлекување потег, тоа се двајца различни
фудбалери, Белоти не е во целост подготвен, а со тоа преферирав да го оставам
да тренира да се врати во посакуваната форма како што беше претходно
“ додаде
селекторот на Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани