Плејмејкерот на
Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, според информациите кои пристигнуваат од
Островот, се вели дека неговото враќање на терените ќе се случи на 20 месецов,
денот кога Сити треба да ги одмери силите против Барнли пред своја публика.
„ESPN FC“ пренесува дека Сити иако имал опција,
истата ја отфрлил не сакајќи да ризикува со Белгиецот за дербито против
Ливерпул кое вчера заврши без голови, откако Марез во завршницата промаши во
ударот од белата точка.
27 годишниот
офанзивец лани беше главното оружје на Сити со 16 асистенции и 8 погодоци во
освојувањето на шампионската титула во Премиерлигата, но, во новата сезона мина
само 31 минута на терените, играше против Арсенал во август, но, од тогаш па
наваму поради повредата на лигаментите е вон комбинација за тимот на Пеп
Гвардиола.