Иднината на Жозе
Мурињо е под знак прашалник откако „Ѓаволите“ го имаат најошиот старт во
последните 29 години. Играчите добија свирежи кога го напуштија теренот по
ремито без погодоци против Валенсија во вторникот, а во соблекувалната владее
хаос откако Жозе Мурињо влезе во расправија со неколку играчи
Доцна синоќа,
Мирор објави спектакуларна вест, весникот најави дека „Специјалниот“ до
понеделник добива отказ без разлика каков ќе биде исходот на мечот со Њукасл.
Сепак, утрово
ваквите стории беа демантирани. Скај Спортс пренесе дека луѓето кои ги носат
одлуките на Олд Трафорд им пренеле дека нема никакви планови за промена на
тренерот.
Со слична сторија
излезе и БиБиСи, извори од Манчестер јунајтед им соопштиле дека бордот се уште
има доверба во Жозе Мурињо и Португалецот ќе добие уште малку време да ја врати
сезоната на прав пат.
За кратко време со вакви информации се огласија речиси сите медиуми од „Островото“.