ЦР7 деновиве е во центарот на медиумите ширум целиот свет со работи кои не се поврзани со фудбалот. 34 годишната Катрин Мајорга јавно проговори и го обвини дека ја силувал во 2009.
И додека сите чепкаат по минатото на играчот, Кристијано Роналдо е само фокусиран на она што го знае најдобро, односно секогаш да го дава максимумот.
На еден од тренинзите на Јувентус, Португалецот влезе во мала расправија со Марио Манџукиќ и неговиот сонародник Кансело а причината беше кој дал повеќе погодоци во играта која ја играа. Кристијано Роналдо не се сложуваше со тоа како броеше Хрватот, сметаше дека има постигнато повеќе.
На крајот му рекоа, „Кристијано, доколку погодоиш, ќе победиш“. И секако, ЦР7 го прифати предизвикот, реализираше и почна да се радува како да донел три бода.