Зошто Роналдо го нема во составот на Португалија?

by
1 минути читање

Идниот четврток
Португалија гостува кај Полска во рамките на Лигата на Нации, исто како и во
победата против Италија на домашен терен (1-0), така ќе биде и за дуелот кој
претстои, Роналдо ќе го нема во составот.

Селекторот на Португалија,
Фернандо Сантош инсистира на тоа дека Роналдо не е во составот поради договорот
кој го постигнале, но, целосно верува дека ѕвездата на Јувентус е невин во
случајот поврзан со него, односно обвинението кон него за силување.

Прво би сакал да
истакнам дека во целост ги поддржувам моите фудбалери
“ рече Сантош не
пресконференцијата пред медиумите.

Како и да е, ова
не е прашање за солидарност, едноставно е, верувам во тоа што Роналдо го кажа
јавно, тој се декларираше како невин, и јас верувам во неговите зборови
“ додава тој.

Го знам Роналдо
многу добро, поради таа причина јас верувам во тоа што тој го кажа, тоа дека не
е во составот на нашата репрезентација е одлука донесена заедно со него,
одлучивме да не биде повикуван за двете наредни интернационални паузи, ова е
првата
“ заклучи Сантош.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани