Клоп: Поразот е заслужен

by
1 минути читање

Инсиње донесе минимална,
но голема победа на Наполи против Ливерпул во рамките на второто коло од
групата „Ц“ од Лигата на шампионите.

По тешката
извојувана победа над ПСЖ на домашен терен, тимот на Јирген Клоп запиша пораз вечерва
на гостувањето кај италијанскиот прволигаш, а германскиот фудбалски стратег, по
мечот истакна дека неговите избраници заслужиле да загубат.

Поразот е
заслужен, и мислам дека нема потреба да правиме приказна од сево ова, имавме
моменти, не ги искористивме, но морам да потенцирам дека во текот на мечот
нашата формациска поставеност не беше онаа вистинската, се движевме во погрешен простор
“ рече Клоп.

Стрелец на голот
за победа на Наполи беше Инсиње кој во самата завршница донесе први три бода за
италијанскиот прволигаш кој во првото коло ремизираше без голови кај Црвена
Звезда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×