Синоќешниот меч
помеѓу Манчестер јунајтед и Валенсија започна пет минути подоцна откако
автобусот со кој патуваа домаќините пристигна на Олд Трафорд на само 45 минути
пред стартот на мечот.
Жозе Мурињо потоа
објасни дека од хотелот Лоури до стадионот патувале 75 минути наместо
потребниот половина час откако заглавиле во сообраќајот бидејќи полицијата
одбила да им обезбеди придружба.
Од полицијата
веднаш беше испратено соопштение во кое се вели дека клубот од поодамна знаел
дека ќе нема придружба и имал доволно време да го испланира патувањето.
„Сите
распоредувања на полицијата се извршуваат откако претходно ќе се направи опсежна
проценка на ризик, и кога е во прашње придружба на тимските автобуси, таа се
прави само кога имаме информации кои сугерираат закана по здравјето и животот
на играчите“ – вели главниот инспектор Енди Сатклиф, кој бил сребрен командир
за дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Валенсија.
„Точно е дека
полицијата во минатото вршеше придружба на тимските автобуси, но откако направивме
ревизија на тоа кои се нашите најважни одговорности, одлучивме дека повеќе нема
да испраќаме придружба на секој натпревар. Се консултиравме со најголемите
клубови неколку месеци со цел да им обезбедиме адекватно време да го
испланираат своето патување до стадионите“.
„За секој
натпревар се прави засебна проценка и ќе продолжиме да работиме со клубовите за
да обезбедиме соодветна полициска реакција“.