Антонио Валенсија се извини откако „лајкна“ објава која повикуваше оставка на Мурињо

by
1 минути читање

Капитенот на
Манчестер јунајтед, Антонио Валенсија се извини јавно за тоа што „лајкна“
објава на Инстаграм на која се повикува оставка на Жозе Мурињо од клупата на
тимот од Олд Трафорд.

33 годишниот
фудбалер по ремито против Валенсија без голови на домашен терен, го стори тоа
за што подоцна се покаја, а Еквадорецот наводно тоа го сторил без да ја прочита
објавата, тврди дека има поинакво мислење на таа тема.

Тоа не е мое
гледиште на таа тема, јас се извинувам за тоа што го направив, имам целосна
доверба во тренерот и моите соиграчи, сите ние го даваме максимумот за подобри
резултати
“ рече Валенсија, а во објавата јасно стоела пораката ‘Време е Мурињо да си замине‘.

Манчестер
јунајтед е на десеттото место во Премиерлигата во моментов, а ова за клубот е
најлошиот старт на сезона во последните 29 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×