Мурињо откри зошто автобусот на Манчестер јунајтед задоцнил

by
1 минути читање

Жозе Мурињо вината за доцнењето на автобусот на Јунајтед ја префрли на полицијата која одбила да ги спроведе до Олд Трафорд како што тоа го правела претходно.

Јунајтед го напуштиле Лаури Хотелот во кој претстојувале во 19 часот за мечот кој требаше да почне од 21 часот. Тие на Олд Трафорд пристигнале во 20:16 минути па УЕФА се сложи да го одложи почетокот на дуелот за пет минути.

На пресот по мечот со Валенсија, Мурињо ја објасни ситуацијата.

„Хотелот го напуштивме во 19 часот надевајќи се дека 30 минути ќе бидат доволни. Што нормално е доволно време но овој пат полицијата одби да не спроведе. И од хотелот до Олд Трафорд ни требаа 75 минути“, објаснува Мурињо.

„УЕФА беше добра и судиите исто така па се сложија натпреварот да почне пет минути подоцна, бидејќи ни требаше време да се подготвиме, но немавме проблем да го направиме тоа со добрата клупска организација“.

„Земавме во предвиде се што може да се случи за да не задоцниме, тргнавме на време, но бевме информирани дека полицијата одбила да не спроведе до стадионот“.

Мурињо не е задоволен од резултатот против Валенсија, но гледа подобрување во односот и залагањето на фудбалерите.

„Задоволен сум од напорот, посветеноста и напредокот кај играчите. Се разбира дека не сум задоволен од резултатот кој не е добар, но не е ни лош“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×