Дибала: Ми беше потребен ваков натпревар

by
1 минути читање

Дибала не ја почна најдобро сезоната, па беше изоставен од тимот, и на претходните мечеви најави дека се враќа во форма, но вечерва блесна откако постигна хет-трик против Јанг Бојс.

„Ми беше потребен ваков натпревар. Мислам дека тимот имаше вистински влез во овој меч, останавме фокусирани во целиот тек“, изјави Дибала.

„Јасно е дека секој фудбалер сака да игра. Минатата сезона беше спротивна на оваа за мене, почнав со многу голови, а потоа малку го загубив патот“.

„Тоа што бев изоставен ме натера да работам понапорно и да се вратам во форма, го искористив тоа сега“.

„На овој меч бевме без Кристијано, понекогаш е полесно со него во тимот, но треба да бидеме голем тим и со него и без него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×