Анчелоти почна да „плаче“ уште пред да почне мечот: Не ми се верува кој судија го добивме

by
1 минути читање

Карло Анчелоти нема
убави спомени од арбитарот од Унгарија. Во април 2017, Италијанецот со Баерн
гостуваше на Сантијаго Бернабеу за реваншот против Реал Мадрид во четвртфиналето
од Лигата на шампионите.

„Баварците“ ја
анулираа предноста од првиот меч од 2-1, но кон финишот на регуларните 90
минути, Артуро Видал престрого беше исклучен, а во продолженијата Кристијано
Роналдо постигна два гола од офсајд.

„Судијата ме
потсетува на лоши спомени со мојот претходен клуб“
– рече Карло Анчелоти на
денешната прес конференција. „Изненаден сум од одлуката на УЕАФ да ни го
делегира овој судија, времето ги лечи раните, но помина премалку време….“

Наполи киксна на
првиот меч и гостувањето кај Црвена звезда, па многумина сметаа дека утрешната
пресметка со Ливерпул е од огромно значење.

„Сакаме да
напаѓаме и да победиме. Мечот не е одлучувачки но е важен. Мораме да се обидеме
да ги освоиме трите бода бидејќи загубивме два во Белград“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×