Ањели ќе го прави Јувентус број 1 во светот, желба е Погба и ѕвезда на ПСЖ

by
0 минути читање

На денешната насловна страна на весникот близок до Јувентус, „Тутоспорт“, стои дека Ањели ќе се обиде да го донесе Килијан Мбапе од ПСЖ.

Ањели сака да го направи Јувентус број еден клуб во светот, а Килијан Мбапе веројатно е идната најголема ѕвезда на европскиот фудбал.

Дополнително, Јувентус ќе се обиде да го врати Погба кој не е задоволен од неговиот престој во Манчестер јунајтед.

Роналдо, Мбапе и Погба покрај останатите големи фудбалери на Јувентус би сочинувале еден ѕвезден тим кој секоја година би требало да атакува на трофејот од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×