Интер и ПСВ се расправаа за кого утре ќе навива Роналдо, на крајот пресече „Феноменот“ (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Нероаѕурите“ гостуваат во Ајндховен во второто коло од Лигата на шампионите, па во
пресрет на пресметката, двата клуба имаа пријателско пецкање на социјалните
мрежи.

Интер прв почна и
го праша Роналдо за кого ќе навива утре, по што ПСВ одговори дека изборот е
очигледен, и тие ќе ја имаат поддршката на „Феноменот“
.

Потоа двата клуба
се пофалија со најубавите голови на Бразилецот, а „Нероаѕурите“ потсетија
и дека напаѓачот дошол до „Златната топка“ во нивниот дрес.

На крајот пресече
самиот Роналдо, кој порача дека има убави спомени со двата тима, им посака среќа
и на ПСВ и на Интер, па нема да завзема страна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×