Давид Луиз
одлично се вклопи во филозофијата на игра која ја негува искусниот италијански
фудбалски стратег, Маурицио Сари, а бразилскиот дефанзивец според
неофицијалните информации кои пристигнуваат од Островот ќе добие и награда од
тимот од Лондон.
Наводно Челси ќе
му понуди на Бразилецот продолжување на договорот на плус една година, со тоа
што 31 годишниот дефанзивец би останал на Стемфорд Бриџ до летото 2020. година,
неговиот актуелен важечки договор истекува идното лето.
Познато е дека
Луиз размислуваше да ги напушти редовите на Челси во периодот кога за тренер го
имаше Антонио Конте, но, откако Сари го презеде кормилото во клубот тој
повторно се пронајде себе си, играјќи ја секоја минута во новата сезона од
Премиерлигата.
На Луиз му се
потребни само уште два меча да ги стартува во Премиерлигата, за да се израмни
со бројот на настапи кој го забележа во ланската сезона.