Пике му замерил на Меси дека се крие од медиумите, Лео му вратил дека одбраната прима многу голови

by
1 минути читање

„Каталонците“ се
во мала криза откако немаат победа на последните три натпревари, а за
Ернесто Валверде лошата игра и слабите резултати по се изгледа не се единствен проблем.

Новинарот Едуардо
Инда открива проблеми во соблекувалната, каде пукнала тиквата помеѓу Лео Меси и
Жерард Пике. Во емисијата Мега
на „Ел Чирингито“, тој вели дека односот помеѓу двајцата „тешкаши“ е комплетно
нарушен.

На дефанзивецот
не му се допаднало тоа што Аргентинецот, кој сега е прв капитен, речиси никогаш
не разговара со медиумите, особено кога тимот не игра добро.

„Пике е голем
критичар на Меси за тоа што не се соочува со медиумите кога работите не одат
како што треба“
– вели Инда. „Смета дека Лео зборува со новинарите само кога не
е во Европа, односно кога е на должност со Аргентина“.

Меси не премолчел
на ваквите забелешки и му кажал на Пике дека лошата одбрана на чие чело е токму
тој, е причината за сегашната низа лоши резултати.

„Лео пак му
замерил на Пике дека одбраната дозволува премногу голови. Мисли дека
дефанзивата не си ја врши добро задачата и не ја обезбедува потребната
протекција“
– додава Инда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×