Минатата недела
„Шпигел“ објави интервју со Катрин Мајорга која обвинува дека била силувана од
Кристијано Роналдо во 2009. Весникот за оваа сторија објави уште пред година
ипол кога дојде до документите од „Фудбал ликс“ од кои се гледа дека ЦР7 и
неговите адвокати потпишале договор за тајност и на девојка од САД и исплатиле
375.000 долари за да молчи.
Таа за „Шпигел“
сочно и во детали опиша што се случувало пред девет години во апартманот на
Португалецот во хотелот Палмс и како по сексуалниот чин за кој таа не дала
согласност, Кристијано Роналдо и се извинил и и кажал дека во „99% од времето е
добро момче“.
Фудбалерот на
Јувентус целата сторија ја опиша како „фејк њуз“ и истакна дека луѓето само се
обидуваат да бидат славни со тоа што ќе го извалкаат неговото име, а неговите
адвокати најавија тужба до Шпигел.
Но тужба поднесе
и Катрин Мајорга, која во петокот ги доставила документите до судот во Кларк
Каунти, Невада. Таа го обвинува Кристијано Роналдо дека ја силувал додека таа
постојано викала НЕ.
На основа на оваа
тужба, полицијата од Лас Вегас повторно ја отвори истрагата за наводно силување
која започнала во 2009 но не продолжила откако девојката не открила каде се
случил инцидентот ниту пак дала опис на лицето кое го го исвршило чинот.
Адвокатите на
Катрин Мајорга најавија прес конференција за во среда на која се очекува да се
обелоденат повеќе информации.