Лацио потпиша нови договори со двете најголеми ѕвезди во тимот

by
0 минути читање

Лацио денеска објави дека Чиро Имобиле и Сергеј Милинковиќ Савиќ ги продолжиле своите договори со клубот до 2023 година.

Според италијанските медиуми, Имобиле според новиот договор ќе добива сума од 3,2 милиони евра по сезона.

Милинковиќ Савиќ ќе добива 3 милиони евра плус бонуси, неговиот договор е без откупна клаузула.

Имобиле и Милинковиќ Савиќ многу често се поврзуваа со заминување од Лацио, се верува дека тоа ќе се случува и во наредните преодни рокови без разлика на тоа што потпишаа нови договори со клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×