Манчестер јунајтед утре ја пречекува Валенсија во натпревар од Лигата на шампионите, фудбалерите денеска го имаа последниот тренинг пред утрешната средба.
Лошата форма на тимот создаде и негативна атмосфера, Жозе Мурињо има проблем со дел од своите фудбалери, пред се Пол Погба и Алексис Санчез.
На Погба му е лут поради однесување на Французинот, а Санчез го исфрли од тимот за мечот со Вест Хем поради очајните перформанси на Чилеанецот на претходните натпревари.
Санчез вината за изоставувањето од тимот не ја гледа кај себе, туку е лут на Мурињо. Тој му соопштил на својот поранешен соиграч од Арсенал, Лукас Перез дека погрешил што направил трансфер во Манчестер јунајтед.
Англиските медиуми го потенцираа денешното расположение на тренингот на Манчестер јунајтед, Мурињо и Погба имаат насмевки на своите лица, но не и Санчез.






