Санчез му се доверил на поранешен соиграч: Жалам што се преселив во Јунајтед

by
0 минути читање

По доаѓањето во Манчестер јунајтед, Алексис Санчез не е ниту бледа сенка на оној фудбалер кој играше за Арсенал.

Неговите катастрофални изданија беа причина Мурињо да го изостави за дуелот со Вест Хем.

„Мирор“ тврди дека во тунелот на стадионот на Вест Хем, Алексис Санчез му се доверил на Лукас Перез со кој заедно играа во Арсенал и му рекол дека жали што се преселил во Манчестер јунајтед.

Санчез е само уште еден фудбалер на Манчестер јунајтед кој е незадоволен, покрај него такви се и Пол Погба и Маркус Рашфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×